Мартин Захариев поднесе оставка во Советот на Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Мартин Захариев од коалицијата предводена од СДСМ денеска поднесе оставка од функцијата член на Совет на Општина Куманово.

Loading...

Причина за неговата оставка е вработување во странство.

– Комисијата за мандатни прашања ја разгледа оставката поради вработување во странство и му предлагам на Советот да ја прифати одлуката за престанок на мандат на член на Совет на Општина Куманово, рече претседателот на Комисијата за мандатни прашања и именувања, Дарко Митевски.

Според листата кандидати за член на Совет од коалицијата на СДСМ од локалните избори во 2021 година, на местото на Захариев треба да влезе Миле Андоновски од Партијата на пензионерите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Посакувам денеска да победи демократијата и пред се Македонија (ВИДЕО)

Никола Ивановски