Македонскиот репрезентативец Марко Симоновски (191) отсега ќе ги брани боите на КК Куманово откако го потпиша договорот со кумановскиот клуб.
Симоновски својата кариера ја започнува во 2007 година во екипата на КК Вардар од Скопје, додека во 2015, за прв пат станува освојувач на Првенството, како член на МЗТ Аеродром.
На крајот на ноември 2015 година, Симоновски и МЗТ Аеродром спогодбено го раскинуваат договорот, за да тој набргу се придружи на КК Куманово.
Симоновски е исто така член на Кошаркарската репрезентација на Македонија. Тој се натпреварувал со селекцијата наЕвробаскетот 2011, каде освоиле четврто место, нивни најдобар пласман на континенталното првенство.[6] Со репрезентацијата обезбедил пласман на Евробаскетот 2015.
За време на завршниот турнир 2015 во Загреб -Хрватска, Симоновски бил осмиот играч со најмногу поени во македонската репрезентација односно имал 29 поени на пет натпревари (5,8 по натпревар).