МАЛКУ Е БЛЕД: Донела леш во банка за да ѝ потпише за кредит (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во вторникот попладне, жена го внела трупот со тркала во банката и се обидела да „го наговори“ да потпише кредит на нејзино име додека ја држела главата горе пред сомнителните вработени кои прашале зошто е толку блед.

Loading...

Службениците на банката почнале да ги снимаат и на крајот повикале 911 и полиција додека таа ја држела главата на починатиот пензионер исправена со раката и му рекла:

„Вујко, слушаш ли? Мора да се потпишеш. Не можам да потпишам за тебе“.

На видеото се гледа како жената му кажува на мртвиот маж да го држи цврсто пенкалото додека го става меѓу неговите прсти и го охрабрува да потпише лист хартија во филијала на банка во Бангу, област во западниот дел на Рио де Жанеиро, Бразил.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мигрант кој се бори со ракот доби 1,3 милијарди на лотарија: „Сега ќе можам да платам лекар“

Еден вработен во банка, кој бил сведок на сцената, ѝ рекол на жената:

„Мислам дека ова не е легално. Не изгледа добро. Тој е многу блед“.

– Таков е – му одговори таа и потоа му се обрати на трупот:

– Ако не си добро, можам да те однесам во болница. Дали сакаш повторно да се вратиш во болница?“

Loading...

На видеото се гледа како главата на мртвакот се ниша напред-назад пред таа со левата рака да го фати за вратот одзади.

– Потпиши овде и престани да ми создаваш главоболка – го поттикна таа, но немаше одговор.

Лекарите потврдиле дека пензионерот Пауло Роберто Брага (68) починал неколку часа претходно.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поранешна руска шпионка открива: „Заведував цели, а во КГБ нè учат на овие тајни техники“

Жената која го однела до банката, Ерика де Соуза Виеира Нунес, била уапсена на самото место и на полицијата ѝ рекла дека е негова внука и негувателка.

Резултатите од обдукцијата за утврдување на причината за смртта се уште не се објавени, а полицијата се уште проверува дали се работи за организирана измама.

Шефот на полицијата Фабио Луиз по апсењето потврди дека Брага веќе бил мртов кога го внеле во банка.

– Истрагата продолжува со цел да се идентификуваат другите членови на семејството и да се утврди дали бил жив кога бил склучен договорот за кредит и од кога датира – додаде тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куќа стои превртена на кровот и пркоси на гравитацијата: Магнет за туристи (ВИДЕО)

Локалните извештаи велат дека заемот бил 17.000 бразилски реали, што е околу 3.000 евра.

Loading...