Во Малави, повеќе од 1.000 луѓе починале од почетокот на епидемијата на колера што започна во март 2022 година, според тамошното Министерство за здравство, кое се жали на недостаток на вакцини.
Loading...
Бројот на смртни случаи од колера денеска надмина 1.000, се вели во соопштението и се додава дека тоа е најтешката епидемија на болеста во сиромашната јужноафриканска земја.
Во претходната епидемија во 2001 и 2002 година, починаа 968 лица.
Колерата е многу заразна болест која може да убие за неколку часа доколку не се пружи медицинска помош, а најчесто се јавува таму каде што хигиенските услови се лоши.