Максим Димитриевски во Струмица: Демократијата во партиите е предуслов за демократско општество

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски во рамките на кампањата „Заедно повеќе знаеме“ со дел од раководството на ЗНАМ и пратеникот Миле Цеков беше во Струмица кадешто се сретна со општинското раководство и членовите на партијата од овој град.

Loading...

 

 

Тој при тоа изјави дека е чест да се биде со сопартијците во Струмица, во рамките на проектот кој што го промовираат како нова политичка партија – Движење ЗНАМ за Наша Македонија.

 

 

Loading...

„Овој проект има две цели: во прва фаза да се сретнеме со нашите членови и со општинските раководства на партијата, да оствариме средби, да поразговараме на повеќе теми, во делот на организациската поставеност на партијата на локално и на регионално ниво, а дополнително и за подготвување на тимови коишто веќе во втора фаза ќе разговараат директно со граѓаните и заедно со граѓаните ќе ја оформиме нашата предизборна програма“, рече Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Генералниот секретар на ЗНАМ, Горан Минчев, на средба со граѓаните во Велес

 

 

„Целта на ЗНАМ е на овие избори да настапи со кандидатски листи за советници во сите општински огранизации кадешто ги имаме и секако дополнително со свои кандидати за градоначалници, за коишто веќе разговараме со нашите владини партнери за взаемна поддршка на самите кандидати во тие општини кадешто ЗНАМ ќе има свои кандидати и дополнително тие ќе имаат свои кандидати “, додаде тој и рече дека до крајот на месец мај ќе и соопштат на јавноста каков ќе биде епилогот од тие разговори.

 

 

Loading...

„Она што за нас е многу побитно дека ЗНАМ е партија којашто се роди и е резултат на еден граѓански активизам, се роди од граѓаните. Сакаме да продолжиме заедно со граѓаните да ги креираме нашите политики на локално ниво, а дополнително да ги спроведуваме нашите добри и позитивни пракси коишто ги имаме во сите локални самоуправи кадешто ЗНАМ дефинитивно го води и мнозинството и менаџирањето, каков што е случајот со општината од кадешто јас доаѓам, Општина Куманово. Нашата цел е да бидеме крајно транспарентни, да дадеме можност за една широка внатрепартиска демократија првенствено, бидејќи без демократска политичка партија не можете да имате демкоратско оптшество“, потенцира Димитриевски во Струмица, каде што беше во посета како дел на кампањата „Заедно повеќе знаеме“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Заврши санацијата на патеките во Соколански парк (ФОТО)