Макрон во Лондон во недела на состанок на европските лидери

Сподели со своите пријатели

Францускиот претседател Емануел Макрон в недела ќе отпатува за Лондон на покана на британскиот премиер Кир Стармер, соопшти Елисејската палата.

Loading...

Макрон ќе присуствува на состанокот на европските лидери во Лондон, објави Ројтерс, повикувајќи се на извор од Елисејската палата.

Стармер во средата рече дека ќе биде домаќин на лидерите на Италија, Германија, Полска и другите сојузници во недела, на 2 март, за да разговараат како да одговорат на напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за постигнување мир во Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стармер денеска кај Трамп. Главна тема е Украина!