Макрон во Израел: Првата цел е ослободување на сите заложници

Сподели со своите пријатели

Првата цел што треба да ја имаме денес е ослободување на сите заложници без никаква разлика, бидејќи е страшно злосторство да се поигрува со животите на децата, возрасните, постарите, цивилите, војниците, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон.

Loading...

По пристигнувањето во Тел Авив, тој се сретна со семејствата на 18 француско-израелски граѓани кои беа убиени, држени како заложници или исчезнати, пренесе АП.

Француските власти соопштија дека 30 француски државјани биле убиени во напад на Хамас на 7 октомври, а девет се исчезнати или се држат како заложници.

По средбата со семејствата на француските жртви на аеродромот во Тел Авив, Макрон му рекол на израелскиот претседател Исак Херцог во Ерусалим дека Франција стои „рамо до рамо“ со Израел, објави Ројтерс.

„Сакам да бидете сигурни дека не сте сами во војната против тероризмот“, рече Макрон.

На средбата со Херцог тој изјави дека Франција стои во солидарност со Израел во борбата против тероризмот.

„Тоа што се случи никогаш нема да се заборави. Тука сум да ја изразам нашата солидарност“, рече Макрон, мислејќи на нападот на Хамас врз Израел во кој милитантната група уби повеќе од 1.400 луѓе.

Освен што покажа солидарност со Израел, Макрон сакаше да ги претстави најоперативните предлози за спречување на ескалација, ослободување на заложниците, гарантирање на безбедноста на Израел и работа на решение за две држави, изјавија советниците на францускиот претседател.

Loading...

Тој ќе се залага за хуманитарно примирје, додаваат тие.

Израел не сака да води војна со милитантите на Хезболах на својата северна граница, туку наместо тоа е фокусиран на борбата против Хамас во Појасот Газа, изјави израелскиот претседател Исак Херцог на денешната средба со Макрон.

„Сакам да објаснам дека не бараме конфронтација на нашата северна граница или со некој друг. Но, ако Хезболах не вовлече во војна, треба да биде јасно дека Либан ќе ја плати цената за тоа“, рече Херцог, рече тој, пренесува Тајмс оф Израел“.

Предвидено е Макрон да се сретне и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и со лидерите на опозицијата Бени Ганц и Јаир Лапид, соопшти Елисејската палата.

Канцеларијата на Махмуд Абас соопшти дека Макрон ќе се сретне со палестинскиот лидер во Рамала на Западниот Брег.