Францускиот претседател Емануел Макрон вети 150 милиони американски долари на Меѓународниот фонд за развој на земјоделството (ИФАД) за борба против сиромаштијата и климатските промени во руралните области.
Франција одлучи да биде домаќин и да го организира 13-тото надополнување на ИФАД и сега покренува иницијатива за придонеси со самата распределба на средства, рече Макрон во видео пораката за време на хуманитарниот концерт организиран од непрофитната организација Глобал Ситизен во Њујорк.
Средства и за образование
Ројтерс наведува дека ИФАД е агенција на Обединетите нации со седиште во Рим, која се занимава со решавање на проблемите со сиромаштијата и гладот во руралните области на земјите во развој.
Франција, исто така, вети 40 милиони евра во глобалниот фонд на ОН за образование во итни случаи и долготрајни кризи Education Cannot Wait (ECW), од 2023 до 2026 година, рече Хрисула Захаропулу, француска државна секретарка за развој и меѓународни партнерства.