Макрон најави комплетирање на нацрт-законот за евтаназија до крајот на летото

Сподели со своите пријатели

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Франција мора да ја подобри достапноста на палијативната нега и најави дека нацрт-законот за евтаназија треба да биде завршен до крајот на летото.

Loading...

Макрон рече дека предлог-законот ќе се заснова на работата на група од 184 случајно избрани француски граѓани кои дебатираат за ова прашање од минатиот декември.

Групата ја заврши својата работа овој викенд, а 76 отсто од членовите на групата рекоа дека се за дозволување на некаква форма на евтаназија за оние кои тоа го посакуваат, објави Ројтерс.

Макрон не кажа дали поддржува евтаназија или потпомогнато самоубиство да се дозволи во Франција.

Францускиот претседател изјави дека дискусијата за ова прашање ќе продолжи, и дека е потребен консензус.

Францускиот национален совет на лекари објави дека се противи на вклучување на лекари во евтаназија, пренесува Танјуг.

Во неколку земји во Европа се дозволени потпомогнато самоубиство, во кое медицинскиот персонал му дава средства на пациентот да се самоубие, или доброволна евтаназија, во која лекарот има активна улога во завршувањето на животот на лицето што го бара тоа.

Потпомогнатото самоубиство е легално во Швајцарија од 1940-тите.

Loading...

Еутаназијата е легална во Белгија, Холандија, Луксембург и Шпанија, а минатата година Италијанец, парализиран 12 години поради сообраќајна незгода, го заврши својот живот со помош на самоубиство, што е прв ваков случај во Италија.

Жестоки дебати се водат и во други земји од ЕУ, вклучувајќи ја и Португалија.

Одредени земји прифаќаат само пасивна евтаназија, во која на барање на пациентот се прекинуваат некои медицински третмани, предизвикувајќи смрт, потсетува британската агенција.