Макрон го прими аргентинскиот претседател во време кога односите никогаш не биле полоши

Сподели со своите пријатели

Францускиот претседател Емануел Макрон во петокот во Париз го прими својот аргентински колега Хавиер Мајли, и покрај неодамнешните тензии меѓу двете земји.

Loading...

За време на средбата во Елисејската палата, двајцата лидери разговарале за војната во Украина, за неделните избори во Венецуела и за планираниот трговски договор меѓу Европската унија и јужноамериканската алијанса МЕРКОСУР, чиј дел е и Аргентина, соопшти кабинетот на Мајли.

Односите меѓу Париз и Буенос Аирес беа затегнати во последните недели.

Аргентинските фудбалери пееја навредлива песна за француските фудбалери со африканско потекло минатата недела откако го освоија финалето на Копа Америка.

По критиките од Франција поради таа песна, ултраконзервативната потпретседател на Аргентина Викторија Виљаруел отиде чекор понатаму, пишува dpa.

„Ниту една колонијалистичка земја нема да не заплаши затоа што пееме песна или зборуваме вистини што не сакаат да ги признаат“, напиша таа на платформата X.

Владата на Мајли се огради од нејзината изјава, а претседателот ја испрати сестрата и советничка Карина Мајли во француската амбасада за да ги смири тензиите.