Фудбалерот Александар Пандовски почина утрово на одделението КАРИЛ во Скопје, од последици здобиени по сообраќајната незгода која се случи на 3 август, кога тој со својот татко, со автомобил марка Голф излетаа од патот на излезот од Скопје, удирајќи најпрвин во столб, а потоа и во дел од пумпите на Бензинската пума во населба Маџари.
Пандовски по несреќата беше заглавен во автомобилот, и за неговото извлекување помогнале и противпожарни екипи. Кога бил примен во болница, состојбата му била исклучително тешка, по што, по неколкудневна кома, Пандовски денес им подлегна на повредите.
Александар Пандовски својата кариера ја започна како младинец на ФК Вардар, минувајќи ги младинските категории на најтрофејниот фудбалски колектив. Тој мина извесно време и во Работнички, а последните неколку сезони ги мина во дресот на Еуромилк.