Македонската армија на вежби во Грција, Американците ќе вежбаат на Криволак

Сподели со своите пријатели

На владината седница се донесени три одлуки на предлог на Министерството за одбрана за испраќање приадници на Армијата на Република Македонија на две вежби во Грција, но и дозвола за престој на американска војска за вежба на Криволак.

Loading...

– Одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата TALOS 22, во Република Грција. Одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата Balkan Shield 22, исто така во Република Грција, информираат од Владата.

На седницата била разгледана и усвоена е и информација, со одлука за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Република Северна Македонија, заради учество на обука во блиска воздушна поддршка со воздухоплови на вооружените сили на САД на Армискиот полигон Криволак.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Анализа: Има ли деца да ги пополнат училишните клупи?

Никола Ивановски