Како што јавува МВР во дневниот извештај за издадени потврди во периодот од 08,00 часот на 19 заклучно со 8 часот на 20 септември, издадени се вкупно 2.243 потврди на странски државјани, од кои 1.389 се од машки пол, 320 се од женски, 456 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 78 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.772, Ирак-211, Авганистан –191, Палестина -19, Иран-17, Пакистан-14, додека другите се во помал број.
Во периодот од 19 јуни до 20 септември во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 87.307 странски државјани, од кои, 58.124 се од машки пол, 11.899 се од женски, 14.623 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 2.661 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-69.315, потоа Авганистан-6.778, Ирак-4.456, Пакистан-2.528, Палестина-938, Сомалија-625, Бангладеш-583, Конго-357, Иран-365, Нигерија-221, Камерун-165, Еритреја-163, Етиопија-126, Судан-109, додека останатите се во помал број.
Во периодот од 08,00 часот на 19.09.2015 до 20.09.2015 година во 08,00 часот до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 20 септември, до Одделението за азил се поднесени 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.