Македонската ракометна репрезентација доцна попладнево го има својот прв настап во рамките на 25то Светско првенство во ракомет за мажи што се одржува во Франција.
Избраниците на селекторот Лино червар за прв противник го имаат составот на Тунис. Дуелот е на програмата на МРТ со почеток во 17:45 и се игра во малиот француски град Мец каде ќе се играат и другите натрепвари од Б групата.
Неколку стотина македонски навивачи се веќе во Мец каде со нетрпение го очекуваат стартот на мечот на кој ќе ја пружат поддршката за нашите ракометари.
Во рамките на првото коло во Б групата се среќаваат и Словенија – Ангола во 14 часот и Шпанија – Исланд во 20:45 часот.
Првиот меч на Мундијалот вчеравечер го отворија домаќините кој извојуваа победа против ракометарите на Бразил со резултат 31:16.
Loading...