Македонија ќе испрати војници на НАТО мисии во Ирак и Летонија

Сподели со своите пријатели

Владата, на вчерашната седница, донесе одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Македонија и вработени во Министерството за одбрана, за учество во две НАТО мисии.

Loading...

Првата НАТО мисија ќе биде во Ирак – „NATO Mission Iraq – NMI“, додека втората под име „Зајакнато истурено присуство“ (enhanced Forward Presence – eFP) ќе се одвива во Република Летонија.

Не е познато кога ќе бидат испратени војниците, ниту колкав број припадници на АРМ ќе учествуваат во нив.

Никола Ивановски


ПРОЧИТАЈТЕ И:  Спасовски: Лажните дојави за бомби се терористички акт