Македонци,вратете ја куќата „ Македонија“ оти ќе останете „бездомници“!

Сподели со своите пријатели

Пишува: м-р Слободан ТОМИЌ

Loading...

 Македонија е симбол на тоа како христијанството влезе на запад преку Апостол Павле кој сакаше да оди во Азија, но беше повикан  од Македонец да дојде  во Македонија. Народот во  Македонија никогаш не ја пропушта можноста да нè потсети дека христијанството влезе преку нивната врата,изјави Папата Франсис  на прес-конференцијата за новинари која Папата ја одржа за време на летот од Скопје кон Рим,а пренесе Ватикан Њуз.

Овој    аргумент  никој не може да го побие.  За жал денеска имаме домашни предавници или квислинзи кои смело и сервилно ја ретушираат сопствената македонска историја и аргументи,за пусти и партиски интереси,а пред се за бедни и лични интереси, евра и долари!

Првиот човек на католицизмот со овој јасен факт и наравоучение пред се кон нас Македонците кој никако да го возопримиме во нашите виуги дека сме Македонци и ништо друго, ни северни, ни јужни или источни односно западни,туку Македонци по род и треба да живееме во тој дух и со таа мисла од раѓање до заминување од овој живот оставајќи им на наследниците билошки код кој треба да го продолжат и да го негуваат и надгрдуваат.

Да се биде денес Македонец по род и државјанство  е  привилегија пред се и чест! Ќе се задржам и натаму на посетата на Папата Франсис на Македонија и Бугарија 2019 година кога првиот пред сите во католицизмот, а нив ги има во голем број низ светот. Запрашан за неговите најсилни впечатоци од двата народи кои ги посети, папата Францис тогаш рече дека „тие се две сосема различни земји и народи “!

Оваа порака е посилна од најцврстиот дијамант на светот. И што тука не е јасно?

 За Папата Франсис, Бугарија,  е нација со вековни традиции; додека Македонија има вековем континуитет и традиции,како народ а не како земја(знаеме зошто н.з.)

Независноста на земјата е не многу одамна, но папата Фрањо ја пофали „добрата борба“ за таа цел.

Loading...

Да бидат работите појасни „Куќата Македонија“ има милијенумски временски простор, и тоа нема право никој  да го спори!

Зошто? Едноставно што „Куќата Македонија“ ќе ја најдеш низ цилиот македонски полуостров или денеска гледано од Пелопонез до Пакистан(Хунзите).

Не е оваа некоја пренагласена или неточна верификација на фактите,тоа е јадрото на историската вистина од целата научна јавност преточена во многу списанија, дела и  енциколедии на светот како што е и престижната  Британика , и да не ги набројувам,каде  што Македонецот  има своја посебност и есклизивност наспроти останатите народи и племиња кои денес се преставуваат  како државотворни нации и народи врз туѓи територи, како  и кон  Македонија.

Сервилноста на група „одродници“  која со децении свесно  удира и разурива темели и коренов ситем на еден референтен биолошки код македонски не избирајќи сретства и предавнички методи, а во интерес на странски сили и држави кои вековно изразуваат жед и страст зачинето со сласт Македонија како име  и како,територија, идентитет јазик ,култура  да ги приграбат и да ги присвојат како нивна сопственост не запира.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојчевски: Нема менување историја, виткање кичма и обезличување на македонскиот народ

Секако нема да запира кога им се укажа прекрасна ,,можност,, вековниот сон како да се избрише и присвои македонизмот во целост, а тоа е: име идентитет,јазик култура историја за беден,, бакшиш,,а богами не е толку мал како поим тоа се милијади евра долари и друга валута, која нема сила да се спротивстави на вистинската вредност на фактот Македонија и Македонизам !

Да бидам искрен читајќи ја изјавата на Американецот Едваред Џозев кој овој пат во својство на ,,адвокат,, на македонизмот наспроти октроираниот документ Бугарски договор создаде бура реакции!

Ова го очекував од таканаречените „Академици“ на МАНУ, а кои се подржувачи на  ,,дивото месо,, во СДСМ  или владата Зоран 1 и Заев 2 да застанат црсто и да се спротивстават на ,,фуријата,, наречена бугарска пропаганда која секогаш е добрата вила, а македонскиот народ е дивото месо или одметнатиот ,,бугарски народ,, во вештачка држава и форма или коминтерска творба!

Loading...

Која перверзија во раскош? За каква Европа ви се молам зборуваме?  Вистинска Европа или повампирена фашистичка Европа која доколку ги подржува ставовите на Бугарија за остварувањето на својот вековит сон Сан Стефанска Бугарија,а во која ја гледа Македонија како нејзин составен дел?

 Тогаш храбро ќе истакнам Danke Deutschland  und Мerci la france, merci beaucoup l’Еurope ,благодарам Германијо, благодарам Францијо и такавата Европо!

Нели основен принцип на ЕУ е јасен и дециден,а тоа е Европа   без граници и сопирачки?!

 Што имаме ние? Сопирачки, уценувања или ултиматуми! Едно е важно,а тоа е дали Европа ја сака Македонија во ЕУ?

Секако не во оваа форма и хаос на криминал,корупција,предавство,партизација,и кризно профитерство,а на штета на макдонскиот народ! Најверојатно и самите европски челници се свесни дека со вакви одроднички политиканти опасно е да се потпише сојуз,оти утре истото ќе го направат и со ЕУ!

Во Европа треба да имаме правна држава,владеење на прaво,нулта толеранција корупција ,слободни медиуми, департизација, непотизам, пред се нулта толеранција на криминал!

Што имаме денес со владата Зоран 1 , и Владата Заев 2,:

 Оваа формулација ја пресликав од аналитичарот или гласноговрник  на владата во сенка во Мала Речица, Алберт Муслиу дадена на една скопска национала телевизија!

Loading...

Да , тука е се чисто и јасно. Се согласувам начисто со„ адвокатот на владата од Малча Речица, пардон аналитичарот кој јасно и гласно ја дефинира оваа таканаречена девастирачка влада наречена Зоран 1 и Заев 2 која има испумпано преку 4,5 милијади евра во периоодот 2017 до 2022, а со тенденција доколку не  се стави крај на криминалот или тендерството во 4 очи како што оценуваат експертите и аналитичарите ,овој балкански протекторат  ќе стане вистински Ел Дорадо на криминалот,корупцијата и кризно профитерско гнезно!

Не може,а да не го спомне резилот или скандал мајсторот во владата Заев 2,Ковачевски кој во храмот на демократијата и парламентаризмот Светската Организација на ОН, ниту еднаш не се дрзна да го спомне најсветото име на светот Македонија,а така се вика неговата татковина .Октроираниот Ковачевски додворувајќи се на наредбодавачите и креаторите на наметнатото име……Македонија ,милуваше да го спомне 14 пати,а ниту еднаш не кажа на чист македонски јазик Република Македонија,а да потсетам неговиот претходник ,колега од истата партија и оснивач на СДСМ Бранко Црвенковски, како и поранешниот премиер Никола Груевски и претседател Ѓорѓе Иванов со сета енергија и љубов и полна уста кажааа дека се Македонци,а доаѓаат од татковината Македонија,поздравувајќи го севкупниот парламент на светот во Њу Јорк.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Плагијатите што ги прават се потврда дека ЗНАМ нуди вистински решенија за состојбите во Македонија

Отука, се потврдува и обинувањата на некои пратеници од опозицијата дека Ковачевски  го ескивирал служењето на воениот рок  во АРМ,приложувајќи документи за својата наводна ,,неспособност“.Останува и натаму обвинувањата на  опозицијата:  „Лице кое одбило да ја брани сопствената држава поради трајна неспособност, не смее да има пристап до буџет од 5 милијарди евра“!

 Затоа, мои Македонци по род и државјанството конечно треба самите да му ставите крај на овој башибузлук.

Да се надовразам на професорот Џозев за да ви бидат работие  уште појасни или да ве разбудат мои Македонци од сопствената идолентност,заспаност, страв или не знам што?

Според Џозеф , Договорот е за добрососедство, а oднесувањето на Бугарија кон Македонија е сè, само не пријателско. Само граѓаните на Македонија може да кажат што е закана за македонскиот идентитет, тоа не може да го каже никој од страна, ниту ЕУ, ниту САД, Бугарите посегаат по историјата и идентитетот на земјава, што е нечуено и невидено!

Loading...

 Францускиот предлог пак воопшто не ја засегна предноста на Бугарија и тој го одразува тоа. Тоа, е , исто така е грешка и на САД и на ЕУ, бидејќи создава лош преседан во Унијата. Затоа, ние сите во Македонија  треба  да решаваме, дали тој го загрозува или не македонскиот идентитет?

 Со оглед на тоа дека САД и ЕУ не успеаја да ја стават Бугарија на исто ниво со Македонија, како што беше со Грција, и и овозможија да ја зачува нејзината предност, Македонија треба да бара од САД, особено од Франција, но и од Германија, па и од Велика Британија афирмација на македонскиот идентитет, цврсто признавање- гаранции  на македонскиот народ, македонскиот јазик, па и на аспекти од македонската историја, и тие можат да го направат тоа,истакнува професор Џозеф.

Да биде работата што по безобразно шверцерска докажува фактот што Владата Зоран1 и Заев 2  се подлабоко и длабоко   ги брца рачињата на своите функционери во медот ,а тоа е инсистирање на прогласување на кризна состојба до крјот на грејната сезона ,април 2023 односно ја спроведе   политиката на штурецот  во целост и ја адаптира според неговите одлики .а тоа е да се нагости и проживее на сметка на маравката народот кој е избезубен и обезглавен односно испокраден, така и со новото задолжување од 240 милиони евра и за џомити справување со енергетската криза односно купување на скапа струја со убава провизија ,освен тоа земање нови кредити од блискоисточни земји, а се знае какви се ,,условите,,и ,,прооколите,, за добивање на такви кредити од исламскиот свет,односно  тројка позната  ..киќановиќ  во џеп , пардон тројка во кош, или ,,крадисимо кредити,за крадисамо влада“!

Економијата е уништена во целост, успешни стопанственици се доведени во банкрот, нивните фирми,банки се ставени во „смислен и незаконски стечај“,  а и функционерите   на  Владите  Зоран1 и Заев 2 добро знаат стопанствениците и сопствениците  на стопански субјекти кои  допринесуваа колку току за развој на бизнисот во Македонија ,

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: ЗНАМ ќе ја врати правдата во Македонија (ФОТО)

Тие со нивните стопански и банкарски активности се ствени во најтесно или на работ на егзитенција, и секако во своевиден банкрот ,а со тоа и работната сила во Македонија, затоа имаме максимална експанзија на одлив на работна сила,или секој 4 во Македонија ја напушта куќата Македонија !

Loading...

 Секогаш сум пишувал ,а и сега ќе спомнам Македонија и куќата Македонија мора да расчисти со недомаќинско однсесување и неработење,односно СТОП за криминал, корупција,кодоштво,предавство и се најлошо.

Еве сега минуваме во некој си ,,скрининг,,што ни го предлага ЕУ, за наша евентуална интеграција во овој престижен клуб.

Верувам  ДА, за скринингот ,но  тоа да биде подлабоко и ретроактивно ,а не во период од една или две години..Длабоко до коска!

Реформи во умот и реформи во секоја пора. Тоа е за сите нас во Македонија. без разлика кој сме што сме! 

Македонија треба да го искористи скрининг процесот и да се фокусира на реформите.

Loading...

Тој не е во интерес на Бугарија, туку на граѓаните на Македонија, и Македонците по род и државјанство. Да го искористиме  скринингот и да   направеме максимум во реформите за владеење на правото, борбата против корупцијата и други важни реформи кои ќе ја придвижат земјата напред и ќе им покажат на граѓаните дека тоа е реално и е важно!

  Претходно споменав не бидете неми набљудувачи туку бидете од акција со јасна цел, а според Макијавели целта  ги оправдува  срествата, а вашите единствена цел е да ја тргнете и избркате оваа неспособна шверцерска и кризнопрофитерска власт, со ,,крадисимо,,политика додека  сретсва се вашиот глас искажан на улица и  на предвремени избори за смена на оваа хибридна власт која со ништо не помогна за опстанок на „Куќата Македонија“ во која живеат Македонци по род и државјанство .

До сега со оваа  сервилна  наметната или октроирана власт Зоран1-Ахмети 1 и Заев 2  и Ахмети 2 ,бевме „кираџии “во сопствената земја.

Заробена држава во која Македонците со начинот на владеењето на предаторската власт,  а во оркестрација на интегративците на Али кои свесно со уцени  и ултимативно  ги остваруваат „раат“ своите национални,политички и лични економски интерси до  максимум .

 СДСМ предводена од Зоран1 и Заев2 во прв и втор дел од досегашното владеење создаде  долг од нови 4,5 милијарди  долари, а кои  се непродуктивни за доброто на Македонија и народот. Тие милијарди 4,5 во  ништо не се инвестирани,односно земени како кредити за тендерски активности во 4 очи за исплата на плати во јавниот сектор,  пензии и социјална помош ,а најмногу за профитерство во енергетска криза купување на скапа струја за ,,мрсни,, провизии.

Сведоци сме и на понудената рака на претседателот на опозицијата, д-рХристијан Мицковски за излезни решенија и поефтина цена за набавка на струја и низа мерки, ,,експертот Ковачевски експресно ги отфрли?!

Loading...

Едноставно, шверцерската политика на  на оваа власт и натаму ќе ја спроведува филозофијата на распродажба на макеонските национални вредности:име,идентите,јазик историја со еден збор куќата „Македонија“?!

Затоа , Македонци,вратете ја куќата „ Македонја“ оти ќе останете „бездомници“!

Пишува: м-р Слободан ТОМИЌ