Магични места кои навистина постојат на планетата

Сподели со своите пријатели

Понекогаш е тешко да се одлучи кој ги прави неверојатните работи, човекот или природата. Но, добра работа во сето тоа е што на крајот не мора да одлучуваме затоа што и луѓето се дел од природата како и се она што ќе го направат што всушност значи дека сите сме победници.

Loading...

На планетата постојат многу магични места кои изгледаат нереално и како да се излезени од бајките, но всушност се реалност и навистина постојат.

Ви пренесуваме дел од магичните места на планетата.

Светлечка пештера, Ваитомо, Нов Зеланд

quiz_image55b90cbc66b23

Нов Зеланд е островска земја која ширум светот е позната по природните убавини. Покрај оние кои може да се видат на површината на земјата има и скриени предели под земјата.

Имено на островот постојат необични пештери кои изгледаат како да сте во средина на небескиот свод. На северниот дел на островот, постои место кое остава без здив. Ако застанете на една одредена точкa и ја подигнете главата изгледа како да гледате во ѕвездено небо. Но, во прашање е нешто друго. Големата количина светилки емитираат сино – зелена светлина и го прават овој совршен амбиент.

Био-илуминантни алги, Малдиви

Loading...

alge

Станува збор за природен феномен кој се случил на плажа на Малдивите. Плажата изгледа како да свети поради присуството на био-илуминантните алги наречени Lingulodinium polyedrum.

Како и да е, овие мали организми кога се под стрес емитираат светлина. Кога ќе надојдат брановите овие алги плажите ги претвораат во вистинска ѕвездена патека.

Библиотека Бајнек – Њу Хејвен, Конектикат

biblioteka bajnek

Оваа библиотека се наоѓа меѓу 10-те најубави во светот. Таа претставува најголема зграда во светот во која се чуваат ретки книги и ракописи. Овде се наоѓаат посебни колекции на познати автори.

Полиците кои се наоѓаат во централниот дел од библиотеката претставуваат структури обложени со стакло, па така тие ги штитат книгите од директна светлина.

Секогаш е отворена за посети, а во изложбениот салон се наоѓаат многу ретки дела, како и оригиналот на Гутенберговата Библија која ја има само во 48 примероци во светот.

Loading...

Диавик, рудник на дијаманти во Канада

rudnik dijamanta

Диавик е рудник на северозападниот дел од Канада. Тој е отворен во 2003 година и прозиведува 8 милиони карати, или 1.600 килограми дијаманти секоја година. Но, неговиот изглед е доста интересен.

Баатара Водопад

baatara vodopad

Баатара е водопад кој се наоѓа во Лебанон во пештера позната како „Пештера од три мостови“, во недопирна околина стара околу 160 милиони години. Пештерата е откриена пред 60, а истражена и мапирана пред само 30 години.

Водопадот е најбуен во текот на пролетната сезона кога снегот околу пештерата се топи при што големи количини вода пратени од звук на грмење исчезнуваат во 255 метри длабока провалија.