Мадуро најави трајно повлекување на Венецуела од Организацијата на американските држави

Сподели со своите пријатели

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро изјави дека неговата земја нема повторно да се приклучи на Организацијата на американски држави, три години откако таа ја напушти поради несогласувања.

Loading...

„Ние заминавме, нè нема засекогаш и не планираме да се вратиме“, рече Мадуро синоќа во своето неделно телевизиско обраќање.

Претседателот на Венецуела го поддржа ставот на неговиот мексикански колега Андрес Лопез Обрадор за организацијата.

Минатата недела Обрадор повика на укинување на Организацијата на американски држави, која ја опиша како „бескорисна“.

Мадуро му се придружи, нагласувајќи дека организацијата треба да „исчезне“.

Според него, патот на Венецуела е во Унијата на јужноамериканските нации, Заедницата на државите од Латинска Америка и Карибите и во Боливарската алијанса за народите на Америка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претставници на Северна Кореја во посета на Иран

Во април 2019 година, Венецуела се повлече од Организацијата на американски држави, бидејќи таа организација не ги призна резултатите од претседателските избори, на кои Мадуро беше реизбран во 2018 година.

Претседателот на Колумбија Густаво Петро неодамна се заложи за враќање на Венецуела во таа организација.

Loading...

Шефовите на државите на Венецуела и Колумбија разговараа за враќање на Венецуела во организацијата во ноември минатата година, но не постигнаа никаков договор, пренесува Танјуг.