Мадуро: Мојата победа е триумф на мирот и стабилноста

Сподели со своите пријатели

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро, кој според изборната комисија победи на вчерашните претседателски избори во таа земја, денеска објави дека неговиот реизбор е триумф на мирот и стабилноста.

Loading...

Тој, исто така, го повтори своето тврдење во кампањата дека изборниот систем на Венецуела е транспарентен, пренесува Ројтерс.

Националниот изборен совет на Венецуела претходно објави дека врз основа на резултатите од обработените 80 отсто избирачки места, актуелниот венецуелски претседател Николас Мадуро освоил 51,2 отсто од гласовите и победил на претседателските избори, со што обезбедил трет мандат.

Неговиот противкандидат, опозицискиот претставник Едмундо Гонзалес Урутија, според податоците на изборната комисија, освоил 44,2 отсто од гласовите.

Опозицијата најави дека се подготвува да ги оспори резултатите објавени од изборната комисија, пренесува АП.

Опозициските претставници рекоа дека податоците што ги собрале од нивните претставници на изборите во 30 отсто од избирачките центри покажуваат дека Гонзалес го победил Мадуро.

„Резултатите не можат да се сокријат. Земјата мирно избра промени“, напиша Гонзалес на Твитер пред објавувањето на резултатите на изборната комисија, пренесува Sky News.

Во Венецуела вчера се одржаа претседателски избори, а противници на Мадуро беа опозицискиот претставник Едмундо Гонзалес Урутија и уште осум други кандидати.

Loading...