МААЕ ќе спроведе независна проверка за „валканата бомба“

Сподели со своите пријатели

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) „оваа недела“ ќе посети две украински локации на барање на Киев, според соопштението, за да ги потврди обвинувањата на рускиот претседател Владимир Путин дека Украина ги брише доказите за подготовка на „валкана бомба“.

Loading...

„Инспекторите ќе извршат независна проверка… за да откријат какво било отстранување на нуклеарен материјал“, рече генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси.

Тој денеска во Њујорк ќе зборува пред Советот за безбедност на ОН на затворена седница.

МААЕ претходно оваа недела објави дека ќе изврши инспекција „во наредните денови“.

Агенцијата потврди дека извршила инспекција на една од двете локации пред еден месец и не открила непријавена нуклеарна активност.

Претходно денеска рускиот претседател Владимир Путин побара мисијата да биде испратена што е можно поскоро.

Според него, Украина сака да користи радиоактивно оружје за подоцна да каже дека Русија извршила нуклеарен напад.

Радиолошка бомба или „валкана бомба“ се состои од конвенционален експлозив опкружен со радиоактивни материи кои се наменети да се распрснуваат како прашина во моментот на експлозијата.

Loading...

МААЕ изјави дека поради интересот и итноста на предметот, брзо ќе ги објави своите заклучоци.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.