12.06.2018 23:46

ЛУКСУЗ: Нигериец си го погреба татка во „БМВ“ од 75.000 евра (ФОТО)


Извесен Нигериец по име Азубуике останал без татко, кому на животот му ветил дека еден ден ќе му купи луксузен автомобил. Меѓутоа, тоа не стигнал да го направи, затоа што татко му починал.

Сепак, решил да го одржи даденото ветување па му купил околу 75.000 евра вреден БМВ теренец.

Автомобилот бил искористен наместо мртовечки ковчег, па во него го погребал татка си, пишува Дејли мејл.

Погребот се одржал во нигериското село Ихијала. Откако фотографијата од погребот завршила на интернет, ова абизарна ситуација наиеде на голем број негативни коментари.

Сличен погреб во Нигерија се одржал и во 2015. година, кога еден милионер од градот Енугуа својата мајка ја погреба во нов „Хамер“. Година дена подоцна Кинез исто така го погреба татка си во омилениот автомобил.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments