Лукашенко: Соработка со Кина во интерес на народот

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска во Пекинг изјави дека Белорусија и Кина соработуваат на сите полиња и ќе продолжат да работат во интерес на своите народи.

Loading...

Кинескиот премиер Ли Кечијанг изрази уверување дека односите со Минск ќе продолжат да се подобруваат, врз основа на пријателството меѓу двете земји.

Лукашенко го призна ставот на Кина кон војната во Украина, што „сведочи за мирна надворешна политика, како и за нов и оригинален чекор, кој ќе има значително влијание во целиот свет“.

Од почетокот на рускиот напад врз Украина, кинескиот претседател Си Џинпинг неколкупати разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, но не и со украинскиот претседател Володимир Зеленски, наведува АФП.