Лукашенко помилува Германец кој во Белорусија беше осуден на смрт за тероризам

Сподели со своите пријатели

Белорускиот претседател Александар Лукашенко одлучи да го помилува германскиот државјанин Рик Кригер, претходно осуден на смрт, јавува белоруската државна агенција, пренесува Index.hr.

Loading...

Кригер претходно беше прогласен за виновен по шест члена од Кривичниот законик, и беше осуден на смрт.

Тој беше прогласен за виновен за тероризам и наводна вмешаност во предизвикување на експлозијата. Не е познато за каква експлозија се работи и каде точно се случила.

За време на судењето беше кажано дека Кригер добил задача од Службата за безбедност на Украина (СБУ) да шпионира во Осиповичи, на околу 100 километри југоисточно од главниот град Минск, и да фотографира објекти.

Според судот, Кригер ги фотографирал бараките и опремата таму на 4 октомври, а следниот ден областа на железничката станица Озериш на периферијата на Минск.

Наводно, целиот материјал го испратил до украинската СБУ и ги добил координатите на скривницата со експлозив, кои потоа ги поставил на шините на таа станица.

Споредувајќи го ова со датумот на наводниот влез на Кригер во Белорусија, се совпаѓа со веста за експлозијата во Озерише на 5 октомври 2023 година.

Независниот синдикат на белоруските железничари соопшти дека експлозијата била доста силна, но немало сериозна штета или загуба.

Loading...

По потврдувањето на пресудата, смртната казна стапила на сила, но според белоруските медиуми, Кригер ја обжалил пресудата.

Претседателот Александар Лукашенко одлучи да го помилува со оглед на сите околности, пишуваат државните медиуми.