Луѓето во Палермо ѝ аплаудираат на полицијата за апсењето на мафијашкиот бос (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Мафијашкиот бос на Коза Ностра беше уапсен денеска во Палермо по 30 години поминати во бегство.

Loading...

Матео Месина Денаро беше во бегство од 1993 година, важи за еден од најозлогласените мафијаши во светот, а Форбс го вброи во листата на 10 најбарани криминалци во светот.

По неговото апсење, се појави видео од луѓето на улиците на Палермо кои аплаудираат на полицијата за апсењето.

На снимката се гледа како луѓето на улиците ракоплескаат и викаат на полицијата, додека меѓу нив шетаат и некои од интервентните полицајци.

Денаро е уапсен во клиниката Мадалена во Палермо, инаку болница за рак. Веста доаѓа еден ден по 30-годишнината од апсењето на Тото Риина.

Тој беше осуден на доживотен затвор за десетици убиства, за масакрите во 1992 година во кои беа убиени судиите Фалконе и Борселино и за нападите во Милано, Фиренца и Рим во 1993 година.

 

Loading...