Лозано, Некст тајм, Барди и Алкета вечерва на плоштадот во Куманово

Сподели со своите пријатели

На градскиот плотад во Куманово вечерва се одржува втората концертна вечер по повод Денот на ослободување на градот 11 Ноември, а свој настап ќе имаат Лозано, Некст тајм, Барди и Алкета.

Loading...

Вчера пред неколкуилјадна публика настапија Дајте музика, Тајзи и Сара Јо.

Концертите се во организација на Фондацијата за култура и спорт, а под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово.

Вечерашниот концерт го отвора Лозано во 20:00 часот, а околу 22:30 се очекува и традиционалниот огномет.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнат на ГП Табановце