Лондонски Хитроу затворен при прекин на струја поради пожар (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Лондонскиот аеродром Хитроу, најголемиот во Европа, денеска беше затворен поради прекин на струја предизвикан од пожар во електричната мрежа на градот.

Loading...

 

 

Аеродромскиот оператор соопшти дека Хитроу ќе биде затворен до 21.59 часот вечерва, по лондонско време, за да се осигура безбедноста на патниците и персоналот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Беснее е еден од најтешките пожари во историјата на Јужна Кореја, загинаа 26 лица

Пожар избувнал на трафостаница во западното предградие на Лондон која го опслужува и аеродромот, соопштија пожарникарите кои од синоќа се на терен.

 

 

Loading...

 

Во Хитроу, кој секојдневно се справува со 1.300 полетувања и слетувања и 230.000 патници, во наредните денови се очекува нарушување на распоредот на летови.