Американскиот „Њујорк тајмс“ во текстот „Шест места во Европа кои нудат бегство од метежот“ наведува дестинации како алтернативи на големите туристички центри, кои понекогаш ги одбиваат туристите поради автобускиот превоз, бродови и метежи, меѓу кои е и Котор предложен како алтернатива на Дубровник.
Весникот пишува дека Котор во Црна Гора треба да се посети доколку тутирстите сакаат да уживаат во убавините на градот и природата, а дека истовремено треба да ги избегнуваат неподносливите метежи.
Дубровник, како што велат, кој се наоѓа 90 километри одалечен се бори со препосетеноста, Котор од друга страна се бори да привлече винмание, а како главна негова атракција се истакнува тврдината од камен со долга низа скали.
Наместо Прага посетете го Оломук. Тој град се наоѓа и на листата за светско културно наследство поради градбите со кои располага, но и баровите кои стануваат се повеќе популарни.
Кикладскиот остров Тинос треба да се посети наместо Санторини, затоа што и покрај „најмагичното заоѓање на сонцето“, пишува Њујорк тајмс, нуди и илјадници испотени тела на преплавените улици.
Тинос, освен необичните камени формации има и бели куќи направени од бел мермер по кој е познат островот, но и ателејата на вајарите.
Градовите Делфти и Хаг понудени се како алтернатива на Амстердам, а иделани се за посетители кои бараат музеи, канали, диви плажи и во кои нема метеж.
Како алтернатива на Барселона, која секогаш е преплавена со туристи, се препорачува Валенсија.
Барселона, со 30 милиони туристи годишно е еден од европските најпосетени градови, а весникот наведува дека доста сличности со неа има и Валенсија, основана како пензионерска заедница за римските војници, поседува и добри архитектонски квартови.
Како последен град во кој може да се пронајде засолниште од метежот, е италијанскиот град Лука, кој за разлика од Фиренца е на 50 километри подалеку, но нуди увид во ренесансата со многу повеќе простор за дишење.
Опишувајќи ги сите природни и архитектонски убавини на градот, весникот наведува дека и тој нуди уживање во вкусовите на Тоскана, како и дека вистинската привлечност на градот лежи во неговите секојдневни задоволства.