Љутфи Хазири: Доколку би живеел во Куманово, тогаш без двоумење би гласал за Максим Димитриевски (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на општина Гњилане од Република Косово Љутфи Хазири, преку видео порака го поддржа независниот кандидат за градоначалник на Општина Куманово Максим Димитриевски, кој на локалните избори настапува под граѓанската иницијатива „За Наше Куманово“.

Loading...

„Куманово и Гњилане се добар пример за соживот и вербата дека заеднички можеме подобро да живееме. Граѓаните во овие две општини меѓусебно се почитуваат без разлика на политичка и етничка припадност. Поради оваа вредност која ја негуваме повеќе од две децении, со вашиот градоначалник Димитриевски решивме Куманово и Гњилане да ги збратимиме за да ја зајакнеме и дополнително да ја развиеме соработката“, потенцира градоначалникот на Гњилане Љутфи Хазири.

Во своето обраќање, Хазири информира дека се реализирани голем број на проекти кои значат подобрување на квалитетот на живот.

„Кумановци, имате вреден и чесен градоначалник, кој се труди да направи сè за да се развие вашата општина. Имате градоначалник со кој треба да се гордеете. Знам дека на 17-ти октомври имате локални избори и би сакал да потенцирам дека доколку ја би живеел во Куманово, тогаш без двоумење, својот глас би го дал за Максим Димитриевски. Затоа што знам дека неуморно ќе продолжи да работи за подобра инфраструктура, за повеќе зеленило, за детски жагор во маалата, за спортски генерации, но и грижа за подостоинствен живот на повозрасните лица, без разлика на етничката припадност, за подобар заеднички живот на сите кумановчани. Верувам дека ќе го направите вистинскиот избор. Драг мој пријател, Максим, ја имаш мојата целосна поддршка и ти честитам победа“, вели Љутфи Хазири.