Американскиот бек на Куманово 2009 направи пробив во неколку статистички категории
Само уште девет натпревари останаа да се доиграат од оној регуларен дел од сезоната во Првата лига. Во меѓувреме се одиграа скоро двојно повеќе, доволно за да се направи уште еден статистички пресек на моменталната ситуација во оној индивидуален статистички дел од Првата лига-мажи.
Од табеларнипт приказ на статистичкиот центар на КФСМ, јасно е дека во овој меѓу период, добар напредок е забележан кај неколку играчи. Но некако во преден план е ефектот на Отис Ливингстон.
Американскиот бек на Куманово 2009 стигна до петото место на листата на најдобрите поентери. Има просек од 18.6 поени во оваа категорија, каде број 1 сеуште е Стефан Крстајиќ (Навико Академија ФМП ) со 22.3 поени по натпревар.
Ливингстон е и трет најдобар асистент во лигата со просечни 5.93 успешни додавања, што е веднаш зад ефектот на Тај Херис (ТФТ) кој има 7.55 и Александар Костоски (Гостивар) со 7.17 асистенции по меч.
Но „малиот“ Отис е и најдобриот освојувач на топки во елитната конкуренција Во просек „краде“ по 2.4 топки на едне натпревар, а губи и по 2.87, со кои е на петтото место на листата на играчи со најголем број на загубени топки.
Исто така е и играч со најголем број на поминати минути на терените. Има просечни 35:38 минути со кои го надмина Тај Херис (ТФТ) кој има една минута помалку во игра.