Липавски во посета на Македонија

Сподели со своите пријатели

​Министерот за надворешни работи на Чешката Република, Јан Липавски, денес ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија при што ќе оствари средба со министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Loading...

Во фокусот на разговорите ќе биде евроинтегративниот процес на нашата земја и конзистентната чешка поддршка на тој план, нашето претседавање со ОБСЕ во светло на руската агресија врз Украина, актуелностите во регионот, како и билатералните односи и соработка.

Покрај средбата со неговиот домаќин, министерот Османи, предвидено е чешкиот министер за надворешни работи да оствари средби и со претседателот на Собранието, Талат Џафери, а ќе биде примен и од претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колку граѓани гласале до 15 часот во Македонија?