Македонскиот ракометен клуб Металург доживеа пораз во првиот натпревар од групната фаза во Лига Европа.
Тимот од Автокоманда вечерва беше поразен од француски Тулуз на гости со 33-29 (18-15).
Ракометарите на Зоран Кастратовиќ во голем дел од мечот беа достоен противникот, но грешките во одбраната не дозволија да очекуваат нешто повеќе. Во неколку наврати од Металург протестираа и за одлуките кои ги носеа романските судии.
Поповиќ беше најдобар кај „металурзите“ со 9 гола, додека Рниќ се истакна со 7. Јакобсен со 9 погодоци беше најефикасен кај Тулуз, додека седум погодоци реализираше Бен Халим. Голманот Летен запиша 12 одбрани.
Металург во второто коло игра против Висла, а дуелот се игра на 27 октомври во Скопје.
Влатче Зорба