Лидерите на ЕУ бараат одговори на три прашања во врска со одбранбената политика

Сподели со своите пријатели

Лидерите на ЕУ се собраа во понеделник на неформален состанок посветен исклучиво на одбраната за прв пат.

Loading...

„Мојата намера со овој собир е да имаме искрена, отворена и слободна дискусија за три главни прашања: кои се приоритетите што треба да ги развиеме на заеднички начин, како да ги обезбедиме потребните финансии и трето како да ги зајакнеме нашите постоечки партнерства- изјави Антонио Кошта пред почетокот на собирот.

Кошта рече дека денешната дебата треба да резултира со обезбедување политички насоки на Комисијата и на високиот претставник за надворешна и безбедносна политика за Белата книга што треба да биде претставена во март и да го отвори патот за донесување одлуки во наредните месеци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Епидемија на „убиства од чест“ во Иран: На секои два дена се убива по една жена

На ручекот на лидерите на земјите-членки на ЕУ ќе им се придружи генералниот секретар на НАТО Марк Руте, а на работната вечера британскиот премиер Кеис Стармер.

Ова е прв собир на лидерите на ЕУ посветен исклучиво на одбраната и прв откако Доналд Трамп ја презеде функцијата претседател на САД.

Трамп бара од европските членки на ЕУ да ги зголемат трошоците за одбрана на 5 отсто од БДП, што за повеќето од нив е неостварливо со оглед на нивната фискална ситуација.

Американскиот претседател најави и воведување царини за Европската унија и бара Данска да му го предаде Гренланд.

Пред неформалниот собир, лидерите на осум земји – Естонија, Латвија, Литванија, Шведска, Финска, Данска, Полска и Ирска се состанаа за да координираат заеднички став.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се запали моторот на патнички авион во САД при полетување

Ова се земјите кои најмногу се залагаат за воена помош за Украина и остри санкции против Русија.