Лицата кои наполниле 18 години, а немаат никаков документ да се фотографираат во сабота

Сподели со своите пријатели

Во сабота ќе биде организирано фотографирање за документи за лицата кои станале полнолетни, но не успеале да извадат никаков документ досега.

Loading...

Министерството за внатрешни работи во сабота (06.04.2024) во периодот до 08.00 до 15.00 часот ќе организира фотографирање за лични документи без закажан термин во подрачните канцеларии за управни работи низ државата (за Скопје во пунктот „Пролет“) за граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, ниту лична карта ниту пасош.

– Ги повикуваме граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, да дојдат во сабота во подрачните канцеларии за управни работи низ државата, за да бидат фотографирани и навремено да им биде изработен личниот документ, со цел да можат да го остварат своето право на глас на претстојните избори, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски ги соопшти условите за формирање на идна Влада

Никола Ивановски