Либанската армија наводно запленила 800 ракети во палестинскиот бегалски камп Ал-Бедави на северот од земјата, објави саудискиот канал Ал-Хадат.
Loading...
Либанската армија, исто така, наводно влегла во базите што му припаѓаат на Хезболах на север.
Либанските власти не ги потврдија овие наводи, објави „Тајмс оф Израел“.
Претседателот на земјата, Џозеф Аун, неодамна апелираше до американската воена делегација да изврши притисок врз Израел да ги повлече трупите од Либан, што првично требаше да се случи најдоцна пет недели по потпишувањето на примирјето меѓу Израел и Хезболах во ноември, пренесува Танјуг.