Авионот „Embraer Lineage“ сигурно е еден од најскапите летала во светот. Удобноста и комфорот во овој авион се подразбираат, а патниците во него комотно можат да се чувствуваат како во „летечка вила“.
Доволно е да се фрли поглед на кокпитот од авионот од каде јасно се види дека станува звор за управувачки систем кој се гледа само во филмовите од научна фантастика.
За удобноста на патниците не треба да се грижите. На располагање се удобни седишта кои изгледаат како фотелји.
Исто така, за долгите летови, кога сакате да прилегнете тука се и софите, како и голем брачен кревет.
По „предремувањето“ можете и да се истуширате, а во авинот секако се наоѓа и бања опремена со најсовремените детали.
За опремување на внатрешноста на овој авион се користени најфини материјали, како свила и волна.
Цената на овој авион е 50 милиони евра, но удобноста и комфорот кои ги пружа истиот се вредни секој цент.