Лесно и едноставно: Запечени полнети пиперки со месо и домати

Сподели со своите пријатели

Лето, топло време и недостаток на идеја за ручек се сосема вообичаени. Доколку сте уморни од подготвување оброци за целото семејство и смислување нови ајдења во продолжение прочитајте одличен рецепт кој нема да ви одземе многу пари и време.

Дефинитивно одлична комбинација со мелено месо и патлиџан па запечено во рерна и полнетите пиперки ќе добијат еден модерен вкус и изглед.

Состојки:

1/2 килограми мелено месо (по желба)

1 домат (средна големина)

1/2 главица кромид

1 чешниче лук

2 јајца

1-2 лажици лебни трошки

сол, бибер и зачини по желба

пиперки

сок од домати за вкус

Подготовка

Динстајте малку половина главица кромид, додајте месо и на коцки исечкан домат.

Динстајте додека месото малку не се запече, а доматот да пушти вода. Посолете и забиберете.

Кога ќе се олади додадете ги двете јајца и лебни трошки, за да малку се поврзе.

Пиперките очистете ги, наполнете ги со месо и секоја по желба затворете ја со домат.

Ставете во прикладен сад кој претходно ќе го премачкате со масло за готвење и потоа печете на 200 степени околу половина час додека пиперките не добијат поинаква боја.

Направете доматен сос и посипете ги пиперките и печете уште еден час.

 

Loading...