Лекарка од Скопје заразена со коронавирус, пет дена одела на работа

Сподели со своите пријатели

Во Македонија е регистриран четвртиот случај на коронавирус, а станува збор за лекарка, директор на Клиника за кожни болести во Скопје, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

Loading...

Како што појасни тој, претпладнево пациентката е сместена на Клиниката за инфективни болести.

– Нејзината состојба исто како и состојбата на двајцата сопружници е стабилна има лесна клиничка форма, додека состојбата на првозаболената е целосно стабилизирана, во текот на денот, евентуално утре ќе се направи тест и ќе се знае дали ќе биде пуштена од болница, изјави Филипче.

Во однос на новорегистрираниот случај, министерот Филипче изрази разочарување затоа што како лекар, заразената не ги почитувала препораките по враќање од Италија да се стави во самоизолација.

– Морам да кажам дека со огромно разочарување во контекст на препораките за задолжителна автоизолација по патување во заразените региони, информирам дека пациентката е лекар која пред една недела допатувала од Италија, директорка на клиника за кожни болести и изминатите пет работни дена одела редовно на работа, појасни тој.

Моментално екипи од експерти прават проценка на степенот на ризик за сите кои контактирале со неа, од колеги до пациенти, по што ќе биде донесена одлуката дали Одделот на клиниката ќе биде целосно затворен, а целиот персонал да се стави во автоизолација.

– Пациентите кои се хоспитализирани исто така, со оглед дека станува збор за пациенти кои можат да продолжат со лекување и во домашни услови. Сите други прегледи ќе бидат насочени кон други јавно здравствени институции, кои имаат вакви специјалисти. Немала ден во амбуланта, па немала контакт со пациенти кои доаѓале од надвор, од епидемиолошката анкета ги навела и другите контакти, семејство, пријатели, па за сите нив согласно разговорите ќе се донесе соодветна одлука каква форма на изолација, дали со здравствен надзор, појасни министерот Венко Филипче.

Вели дека ова непочитување на препораките, за него, како министер, е големо разочарување.

Loading...

Секојдневните апели за самоизолација мора да се сфатат многу сериозно, не можеме да ги затвориме границите, ниту една земја во Европа го нема тоа направено, затоа сите препораки се самоизолација како што и Владата препорача пред две недели. Секој кој доаѓа од ризичен регион ако на граница нема симптоми, тоа е најопасен период во инкубација кога нема симптоми, а патникот не може да го знае, мора да остане во автоизолација 14 дена, така го штитиме сопственото здравје, на нашите најблиски и сите граѓани, рече тој.

Инаку од вчера 14 региони во Италија се во целосна црвена зона, поради рапидно ширење на вирусот во тие предели.

Leave a Reply