Харолд Шипмен бил реномиран лекар на својата хирушка клиника, почитуван од страна на своите колеги и британското општество. Лекарот бил реномиран член на медицинската заедница од 1980 година се до средината на 90-те, но неговиот брилијантен углед за брзо време е уништен и тој ќе биде разоткриен каок еден од најозогласените ладнокрвни сериски убијци на модерното време.
Откриено е дека лекарот Шипмен ги убивал своите пациенти со смртоносна доза на диаморфин. Се верува дека бројот на неговите жртви е поголем од 250, меѓутоа тој на крајот е осуден само за 15 убиства.
Исто така е осуден и за фалсификување на тестамент, а години подоцна е откриено дека украл над 10.000 фунти вреден накит кој го носеле неговите жртви.
Првото сомнение било фрлено на овој лекар откако бил фатен во фалсификување на рецепт за себе во 1970 година. Казнет е со одредена сума на пари, но сепак му е дозволено да продолжи да ја гради својата кариера. Откако ја отворил својата хирушка клиника, неговите колеги започнале да го приметуваат вознемирувачкиот тренд.
Клиентите на лекарот Шипмен постојано умирале и тоа во алармантни бројки. Стапката на смртност во негова пракса предизвикава загриженост кај директорот на локалното потребално претпријатеи, кој истита загриженост ја поделил со лекарот Линда Рејнолдс.
Рејнолдс започнала малку да истражува кај медицинскиот патолог во јужниот дел од Манчестер, а посебно во поглед на бројните стари жени кои биле кремирани.
Таа се сомневала дека докторот Шипмен ги убивал своите пациенти, а нивната причина за смрт ја потпишувал како природна. Подоцна истрагата не донела многу резултати.
Ќерка на еден од починатите пациенти истапила со своите сомнежи. Мајката на Ангела Вудруг, Кетлин Гранди, пронајдена е мртва во својот стан.
Во својата смртовница пишува дека починала од старост, меѓутоа набргу после тоа Ангела била предупредена од страна на адвокатот дека нејзината мајка наводно на лекарот Шипмен му остава наследство од 360.000 фунти.
Ангела се посомневала во автентичноста на тестаментот и барала телото на нејзината мајка да биде есхумирано и преистражено.
Заклучено е дека таа добила смртоносна доза на диморфин, а инспекторите набргу откриле машина за пишување со која лекарот го составил тестаментот.
Конечно вистинската природна страна на овој лекар дошла на виделина. Во јануари 2000 година лекарот Шимпен е осуден на доживотен затвор поради 15 убиства врз своите пациенти.
Шипмен на крајот се обесил во својата ќелија, откако одлежал само четири години од својата казна.