„Леденото доба“ со Русија ќе трае најмалку до 2030 година

Сподели со своите пријатели

Австрискиот експерт за Источна Европа Герхард Мангот смета дека опасноста од поделба во ЕУ е реална и дека „леденото доба“ со Русија ќе трае најмалку до 2030 година.

Loading...

Мангот вели дека може да дојде до поделби во ЕУ, кога станува збор за санкции, ако, на пример, Унгарија стави вето.

„Поделба е можна, но во моментов тоа не е сигурно. Поголем проблем од санкциите се разликите во однос на воените цели на Украина. Некои земји сакаат сите руски војници да бидат протерани од Украина, како и од Крим. Други земји, како Германија и Франција, сакаат враќање на статус кво пред 24 февруари, кога изби војната. Во тоа сценарио Крим би останал припоен кон Русија. Тие две гледишта влијаат и на испораките на оружје на Европа“, објасни тој.

На прашањето дали многубројните посети на европските лидери на Киев донесоа нешто, тој рече дека тие се сигнал за солидарност кон украинската влада и населението, но некои од државите тоа го направија и од внатрешно-политички причини.

Доделувањето кандидатски статус на Украина, според Мангот, носи краткорочен ефект, кој дава надеж за украинското население и претставува само симболичен гест.

„Меѓутоа, таа одлука ја сметам за несреќна, бидејќи преговорите нема да можат да започнат многу години и ќе траат многу долго. Тогаш ќе дојде до отрезнување и сознание дека патот кон Европа не е брз пат“, изјави тој за весникот „Кронен цајтунг“.

Запрашан за односите меѓу ЕУ и Русија, Мангот рече дека Европа не е обединета во овој поглед.

„Германскиот канцелар Олаф Шолц, на пример, рече дека ќе одбие посета на рускиот претседател Владимир Путин додека војната не заврши според условите на Украина. Источноевропските земји, кои не сакаат Путин никогаш повторно да стапне на европско тло, нема да го потпишат тоа“, рече тој.

Loading...

Мангот изрази уверување дека Путин повторно ќе се кандидира на избори во 2024 година и дека неговиот мандат ќе трае до 2030 година, а дека дотогаш ќе продолжи „леденото доба“ меѓу ЕУ и Русија, односно односите ќе останат замрзнати, пренесува Танјуг.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.