Лавров пристигна во Њујорк, ќе претседава со дебатите во Советот за безбедност на ОН

Сподели со своите пријатели

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пристигна во Њујорк каде денеска и утре ќе претседава со отворени дебати на министерско ниво во Советот за безбедност на ОН.

Loading...

Русија претседава со Советот за безбедност на ОН од 1 јули.

Лавров денеска ќе учествува на отворена дебата за мултилатерална соработка, а утре ќе претседава со отворена министерска дебата за ситуацијата на Блискиот Исток, вклучително и за палестинското прашање, пренесува РИА Новости.

Агенцијата наведува дека Министерството за надворешни работи на Русија соопштило дека неколку земји пројавиле интерес за билатерални средби со Лавров.

Заменик-министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Рјабков претходно изјави дека САД не побарале да се организира средба меѓу Лавров и американскиот државен секретар Ентони Блинкен.