Лавров: ОН не треба да ги прифаќаат инструкциите на одредени земји

Сподели со своите пријатели

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска во разговор со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави дека секретаријатот на светската организација не треба да прифаќа инструкции од ниту една земја во врска со настаните во Украина.

Loading...

Во разговор со Гутереш на маргините на самитот на Г20 во Индонезија, Лавров укажал на неопходноста Секретаријатот на ОН строго да следи балансиран и непристрасен курс во согласност со член 100 од Повелбата на Светската организација, кој предвидува дека ОН не прифаќа инструкции од ниту една земја за акутни глобални проблеми, соопшти руското Министерство за надворешни работи, пренесе Тас.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шаленберг: На Европа ѝ е потребна Русија со која е можно да се влезе во дијалог

Гутереш ја увери Русија дека ќе бидат исполнети сите обврски поврзани со укинување на ограничувањата за извоз на жито и производи од Русија, рече Лавров.

Според неговите зборови, Гутереш зборувал за ветувањата што му ги дале на хартија САД и ЕУ и потврдил дека доколку се спроведат, ќе бидат отстранети сите пречки за извоз на руски ѓубрива и жито, пренесе Спутник, а пренесе Танјуг. .

Лавров посочи дека останува да се види како тоа ќе се спроведе, истакнувајќи дека Гутереш го уверил дека тоа е приоритетно прашање за него.

На 30 октомври Русија објави дека го прекинува учеството во извозот на производи преку украинските пристаништа по нападот на Киев врз бродови на Црноморската флота и цивилни бродови во водите кај Севастопол.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Блинкен: Не ја охрабруваме Украина да напаѓа руска територија

Русија потоа го обнови своето учество во договорот за жито, врз основа на уверувањата од Киев дека нема да ги користи хуманитарните коридори за воени цели.

Договорот за извоз на жито беше потпишан на 22 јули во Истанбул, со посредство на ОН и Турција, а истекува на 19 ноември.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.