Лавров до Американците: Укинете ги санкциите за „Аерофлот“

Сподели со своите пријатели

Русија им предложи на САД да ги укинат санкциите против руската авиокомпанија „Аерофлот“, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Loading...

– Таков предлог дадовме пред споменатата средба во Ријад пред повеќе од еден месец. Американците го прифатија. Досега не видовме реципрочни чекори – рече тој.

Лавров посочи дека обновувањето на воздушниот сообраќај меѓу двете земји треба да биде последица на укинувањето на санкциите против Аерофлот, пренесува РИА Новости.

Тој истакна дека руските експерти потсетија на овој предлог за време на вториот круг консултации со САД во четвртокот во Истанбул.

– Да бидам искрен, се уште не сум имал шанса да контактирам со нив. Можеби имаше некои случувања, но сè уште не знаеме за нив. Но, ќе работиме на тоа, бидејќи ова е враќање во нормала – рече рускиот министер.

Во Истанбул претходно во средата се одржа вториот круг руско-американски преговори за взаемно обновување на полноправната работа на дипломатските мисии.

Според зборовите на рускиот амбасадор во Вашингтон, Александар Дарчиев, разговорите поминале во позитивна атмосфера и им овозможиле на земјите да постигнат напредок во решавањето на нормализацијата на работата на амбасадите.