Курдската негира: Немаме никаква врска со експлозијата во Истанбул

Сподели со своите пријатели

Работничката партија на Курдистан негираше вмешаност во вчерашниот бомбашки напад во Истанбул, со што ги демантираше тврдењата на Турција за одговорност за експлозијата во која загинаа шест лица, објавено е денеска на веб-страницата на партијата.

Loading...

Се додава дека цел на ПКК никогаш не се цивили, пренесува Ројтерс.

Претходно денеска Турција објави дека ПКК и Единицата за заштита на народот (ИПГ), која е концентрирана во Сирија, се одговорни за експлозијата на авенијата Истиклал во Истанбул.

Сириската курдска милиција ИПГ се истакна како добро организирана вооружена група за време на сириската граѓанска војна.

Тие воспоставија упориште на северот на земјата по повлекувањето на сириските владини сили и се поврзани со главната фракција на сириските Курди, Партијата на Демократската унија (ПИД).

Турција смета дека ПИД и ИПГ не се разликуваат од Курдистанската работничка партија (ПКК), која започна бунт во Турција во 1984 година за политичките и културните права на Курдите.

Во конфликтите досега загинаа повеќе од 40.000 луѓе.

Околу 15-20 отсто од вкупното население на Турција од околу 85 милиони го сочинуваат курдското малцинство, кое претежно живее во источните и југоисточните области на границата со Сирија.

Loading...

Турција смета дека сириското упориште ПИД е закана за националната безбедност.