Купиле дрога, па не биле задоволни од квалитетот: Се пожалиле и во полиција!

Сподели со своите пријатели

Маж од Германија повикал полиција бидејќи заедно со неговата девојка купиле, според нив, евтина и неквалитетна дрога.

Loading...

Според портпаролот на полицијата, 28-годишникот повикал полицајци во вторникот вечерта откако се скарал со својата девојка, пишува магазинот Феникс.

Имено, тие двајца купиле кокаин од дилер во Франкфурт на Мајна и го конзумирале.

Откако мажот не бил задоволен од квалитетот, сакал да го фрли, но неговата 26-годишна девојка одбила. Мажот повикал полиција, а девојката побегнала.

Полицајците успеале да соберат помала количина дрога и нешто подоцна ги фатиле 28-годишниот маж и 26-годишната жена.

Парот сега ќе биде пријавен според Законот за дроги.