Кумановско Горно Којнаре се поврза со автопатот ”Александар Македонски”

Сподели со своите пријатели

Јавното претпријатие за државни патишта ја заврши рехабилитацијата на клучката кај кумановското село Горно Којнаре и изврши функционално дополнување на сообраќајното поврзување на регионалниот пат Р 1104 со автопатот „Александар Македонски“ на Коридорот 10.

Loading...

Директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојанов направи увид по завршувањето со градежните работи.

Сообраќајното поврзување во правец од Куманово кон границата со Србија досега овозможуваше само исклучување од автопатот кон регионалниот пат, а по изградбата на новата сообраќајна лента  се овозможи и приклучување на автопатот Александар Македонски од регионалниот пат за населените места кои гравитираат во овој регион .

Притоа се изврши проширување на постојната исклучна лента од автопатот и беше изградена уште една сообраќајна лента за возилата кои се приклучуваат на автопатот во правец кон границата со Србија. На клучката е поставена нова стандардна вертикална и хоризонтална сигнализација.

Финансиските средства за обновата на клучката  во износ од 12 милиони денари се обезбедени преку Годишната програма за одржување и заштита на државните патишта.