Кумановските угостители стравуваат од недостиг на кадар во пресрет на летната сезона

Сподели со своите пријатели

Кумановските угостители стравуваат од недостиг на кадар во пресрет на летната сезона, соопштија денеска угостителите.

Loading...

Тие бараат поддршка и нови мерки од институциите на системот кој ќе им овозможат младите да останат и да не бараат работа во други земји од регионот.

Угостителите бараат промени и во наставните програми и содржини во средните училишта, како воведување на струки за овој сектор.

– Како се наближува летната сезона, повторно се актуализира најголемиот проблем во секторот угостителство-одливот на работна сила. Секоја година сè повеќе и повеќе наши работници заминуваат во странство. Претежно Хрватска, не дека таму добиваат некои подобри финансиски услови во однос на бројот на работни часови коишто таму ги остваруваат од 12 до 15 часа, сигурно дека ќе ги имаат истите плати. Поважно е што претежно во угостителството се млади луѓе на кои системот не им се допаѓа, државата нема стратегија да ги задржи, ние сами тешко дека ќе можеме да се избориме со ова доколку не добиеме помош од државата за да може да опстанеме како сектор, изјави претседателот на здружението на угостители „Бисер“ од Куманово, Тони Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Спречен шверц на облека на ГП Табановце

Државата има мерки насочени кон младата популација до 29 години, но според кумановските угостители, тој кадар веќе и да го нема, бидејќи мигрира кон западно-европските држави. Според нив треба да се направи долгорочна стратегија во која ќе учествува и државата и синдикатите за да можеа да ги задржат младите како кадар.

– Немаме доволно едуциран кадар, се обидуваме со средните училишта да направиме договори за да можеме потоа да ги активираме децата кога ќе завршат, но многу паралелки кои во Куманово како месари, готвачи, прехранбена струка воопшто и да нема такви струки. Добро би било да се анимираат учениците со стипендии, платена пракса, кажа Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЈП „Водовод“ прокнижи добивка во третиот квартал

Во однос на минималната плата, угостителите од Куманово се залагаат за плата по резултат.

– Минималната плата што ја донесоа врз кои економски параметри ги донесоа не знам но јас сум на став дека треба да има одредена режиска минимална плата од државата а другото според учинокот на работникот. Мислам дека би можеле многу повеќе да придонесуваат и ние повеќе да им даваме доколку биде по резултат како што има пример со угостителски објекти во западните земји, вели Димитриевски.

Loading...

За кумановските угостители проблем се различните синдикати, компании, агенции кои преку социјалните мрежи ги таргетираат младите и посредуваат за работа во странство, токму во угостителскиот сектор. Во градот има над 80-тина угостителски објекти, а во здружението членуваат 50-тина. Угостителството во Куманово генерира околу 3.000 работници.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени кумановци кои краделе од сепарација во Доброшане

Секторот по пандемијата се соочи и со одлив на работници. На ваков проблем се жалат и соседни држави.

МИА