Кумановските училишта се безбедни и постојано се контролираат (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Училиштата на територијата на Општина Куманово се безбедни и тие се предмет на постојана контрола, вели Александар Јовановиќ, раководител на Секторот за образование.

Loading...

По несреќата во Кочани, извршени се контроли на училишните објекти, но и претходно се вршела редовна контрола. Заклучокот е дека основните минимално пропишани безбедносни услови се исполнети.

– Направен е и вонреден инспекциски надзор и констатирано е дека основните и средни училишта на територијата на Општина Куманово ги исполнуваат оние минимални услови. Секое училишта има правилник за заштита од пожари и експлозии, потоа правила за елементарни непогоди, има интерни акти како акционен план за евакуација. Во тек се симулација на вежби за евакуација кои училиштата ги спроведуваат во соработка со Отсекот за превенција при СВР Куманово, изјави Јовановиќ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Опожарени два автомобили ноќва во Куманово

 

 

Учениците, вели Јовановиќ, знаат како да постапуваат при состојба на евакуација, бидејќи со дојавите за лажни бомби поголем дел од училиштата имаат минато низ таква ситуација.

– Училиштата имаат и интерен акт за заштита на учениците и вработените. Противпожарни апарати има во училиштата, како и обучени вработени за истите. Не сите училишта имаат хидрантски мрежи, меѓутоа проблемот е од технички аспект затоа што и секое училиште нема услови да биде инсталирано. За исправноста на ПП апарите или хидрантската мрежа се надлежни лиценцирани фирми кои ги одржуваат, а училиштата се строго контролирани од страна на државниот инспекторат преку интегралниот увид при што се склопува и записник, така да училиштата во тој сегмент се опремени, додава Јовановиќ.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Уапсен кумановец кој возел со 1,52 промили алкохол

И стручните психолошко-педагошки служби се активни во овој период, бидејќи трагедијата во Кочани ја погоди целата држава, па не се имуни ниту кумановските ученици.

– Таа трагедија што беше во Кочани, можеше да биде и друг град. Сите сме трогнати, учениците одадоа почит на градскиот плоштад, сите сме трогнати, а стручните служби им даваат поддршка, наставата ќе продолжи да тече, а ова треба да биде поука дека треба да се внимава, додава раководителот.

Тој истакнува дека е многу важно и за вакви случаи, но и за булинг и сите други проблеми со кои младите се соочуват, пред се да се реагира превентивно.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  За 72 часа во Куманово наврнаа 43 литри дожд

Никола Ивановски