Кумановските средношколци и наставници повторно на протести

Сподели со своите пријатели

Кумановските матуранти и средношколци утре повторно излегуваат на протести, соопшти денес Интерен Средношколски Пленум на Куманово. На протестот закажан точно напладне на градскиот плоштад ”Маршал Тито” во Куманово, средношколците ќе добијат и поддршка од Наставничкиот Пленум.

Loading...

По собирањето на градскиот плоштад, кумановските средношколци ќе се упатат пеш кон излезот на градот, каде со блокади ќе го изразат својот револт откако МОН не ги зеде во предвид нивните барања, велат од интерниот пленум.

Блокадата на излезот на Куманово ќе трае до 14 часот.

Leave a Reply