Членовите на Општинската организација на СДСМ од Куманово денеска организираа крводарителска акција по повод Светскиот ден на крводарители и Денот на Црвениот крст.
Станува збор за 23-та крводарителска акција во организација на кумановските социјалдемократи, каде собрани беа вкупно 120 крвни единици, а освен членството и симпатизерите на партијата, крв можеа да даруваат сите хумани граѓани на Куманово.
Општинската организација на СДСМ Куманово два пати во текот на годината организира крводарителски акции, а како што велат доколку има потреба ќе бидат организирани и дополнителни хуманитарни акции.