Кумановските пожарникари со полни раце работа за Илинден

Сподели со своите пријатели

Пожарникарите во Територијалната противпожарна единица Куманово вчера имале полни раце работа на празникот, поради интервенции на повеќе локации.

Loading...

Во период од 13:09 до 14:00 часот четворица пожарникари интервенирале на запалена сува трева во атарот на Шупли камен.

Во селото Пчиња исто така горела сува трева. Таму во период од 14:00 до 15:30 часот интервенирале четворица пожарникари.

Сува трева горела и во селото Романовце. Екипа на ТППЕ Куманово на терен излегла вчера околу 15:30 часот и интервенцијата траела до 22:40 часот. Пожарникарите останале таму до раните утрински часови.

Интервенција пожарникарите имале и во атарот на селото Оризаре, каде во близина на гробиштата горела сува трева и стрниште. Тројца пожарникари го гаснеле пожарот до 23:00 часот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Започна гласањето во Куманово, Старо Нагоричане и Липково

Моментално во територијата на Куманово нема активни пожари.

Работа имале и пожарникарите од Старо Нагоричане. Таму во период од 17:00 часот до 21:00 часот петмина пожарникари со две противпожарни возила гаснеле сува трева и суви дрвја кај местото викано Коњски мост.

Никола Ивановски

Loading...